(ВИДЕО) Ацевски: Имаме силна економија која нуди шанса за сите

Од:

Растот на економијата, на БДП, во првиот квартал од 2019 година изнесува 4,1 отсто. Ова е најголем раст на бруто домашниот производ во последните неколку години. Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ дваат реални, позитивни резултати, економијата е во нагорна линија. За споредба, во вториот квартал од 2017 година, односно последните два месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ економијата беше во минус од 1,8 отсто, рече Костадин Ацевски, пратеник од СДСМ, на денешната прес-конференција.

„Денес, безмалку две години подоцна, имаме значителен раст од 4,1 отсто. Со оваа изразита разлика паѓаат во вода сите небулози на ВМРО-ДПМНЕ дека наводно нема напредок во економијата. Toa е математички прецизна разлика која потврдува дека Христијан Мицкоски нема елементарно познавање од економија.

За само 2 години, од заробена, изолирана и задолжена држава, имаме силна економија која нуди шанса за сите, станавме светол пример во регионот.

Очекуваме ваквиот тренд дополнително да се интензивира во наредиот период. Успешните економски политики, полноправното членство во НАТО и доближувањето кон ЕУ значително позитивно ќе влијаат на дополнително засилување на економијата.

Остануваме силно посветени во реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, нови работни места, поголеми плати и повисок економски стандард за сите граѓани.“, заклучи Ацевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните