(ВИДЕО) Ацески: Професори со три предавања во семестар земаат плата, дали тоа не е корупција?!

Од:

Има професори што во текот на еден семестар одржале 3-4 предавања, а уредно си земаат плата, студентите се условени да купуваат книги, а парите некој си ги става во џебот. Дали ова не е корупција?, посочи професорот Илија Ацески од Филозофскиот факултет и му порача на Ректоратот да се зафати со работа затоа што, според него, образовниот систем го доживува распадот.

„Имаме систем кој не функционира, од факултетите излегуваат неписмени кадри, професорите не се мотивирани. Еве, јас земам 700-800 евра плата и си молчам. Зошто? Затоа што ништо не работам. Ќе одржам неколку предавања, неколку испити и толку. Да сум ангажиран со истражувања, со вистинска работа, тогаш ќе го кренам гласот за повисока плата. Имаме пример каде што професорка цел семестар одржа едвај 4 предавања. Друга, пак, во еден ден одржа 14 часа, другиот ден си го зеде слободен, не се појави на работа. Дали е во ред тоа?“, праша професорот Ацески.

Тој ја обвини управата на Универзитетот дека си прави бизнис со условување професори да си ги продаваат, а студентите да им ги купуваат книгите на одредени професори.

„Има пример каде што сме условени да им ги продаваме книгите на студентите. Мене лично деканот ми наложуваше неколкупати, и тоа на одредени професори, не моите. Ќе си направат бизнис, ќе си поделат 3.000 евра. Ете, и тоа се случува. А јас со моите книги не знам што ќе правам, полн кабинет имам. Тоа е така затоа што Ректоратот нема издавачка политика“, вели Ацески.

Студентите што зборуваа пред камерата на „А1он“ велат дека лично не се соочиле со корупција, но посочија дека на одредени факултети на УКИМ сè уште важи правилото пари во индекс за преодна оценка.

„Лично не сум бил изложен на корупција и на нашиот факултет, на Филозофскиот, мислам дека нема. Сум слушнал дека обично во таа група се Правниот и Економскиот. Знаете, оние класични муабети, пари во индекс за да поминеш“.

„Ми кажувале постари колеги дека имало вакви ситуации. Прва година сум, сè уште не сум се сретнала со ова појава“, вели друга студентка.

Како што истакна професорот Ацески, Универзитетот УКИМ, кој е водечки во државата, се наоѓа на 1.500. место на шангајската листа на универзитети, што, според него, доволно говори дека квалитетот на образованието што го нуди е на дното во светски рамки.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска