ВИДЕО: 18 „танчерки“ забавувале гости во објект во тетовско што работел прекувремено

Од:

Угостителски објект во Тетово не ја почитувал мерката за работа до 18 часот.

Во текот на денот полицијата од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Тетово и Одделот за специјални полициски операции утвриле дека угостителскиот објект е отворен по дозволеното работно време, а во истиот биле затекнати 18 женски лица кои работеле како танчерки и придружнички на гостите.

Како што информираат од МВР три биле од Македонија, а останатите 15 женски лица од Русија, Украина, Бугарија, Србија, БиХ , Латвија, три од нив биле затекнати во собите од мотелот.

-Странските државјанки се приведени и предадени на Одделение за странци и реадмисија при РЦ Север за понатамошно постапување. При претресот кај А.А. (30) е пронајден и пиштол, кој е одземен за понатамошна постапка, а А.А. е приведен. Во објектот биле затекнати 49 гости и седум вработени во угостителскиот објект и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за непочитување на Одлуката на Владата за рестриктивни мерки за работа на угостителските објекти заради заштита на населението од Ковид 19, стои во соопштението од Министерството.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он