(ВИДЕ) СДСМ: Да се направи финансиска контрола во старски дом Прилеп

Од:

Домот за стари лица „Кире Крстески – Платник во Прилеп“, дом со 40 годишна традиција, е експресно уништен од неспособните кадри на ВМРО-ДПМНЕ! Ситуацијата е крајно драматична, затоа што поради крајно лошите и нехумани, услови за престој, штитениците веќе го напуштаат домот, вели Еленче Ташкоска – Советник во Советот на Општина Прилеп.

Старите лица, штитеници на домот, буквално секој ден се смрзнуваат. Поради лошата финансиска состојба и големите долгови греењето е многу слабо и се засилува само во одредени денови. Храната е недоволна и лоша а хигиената е на најниско ниво!

Остана неодговорено прашањето дали новата директорка, Ирена Стерјовска Локвенец, направи контрола на финансиското работење на нејзиниот сопартиец од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на домот, Дарко Рибароски?

Кој сега ќе го враќа долгот кон доверителите од 13.9 милиони денари за колку што е блокирана сметката, а тоа е скоро во висина на годишните приходите на домот, кои за ланската година изнесуваа 14,2 милиони денари, а кои се пари на граѓаните

Како домот исплаќа плати на вкупно 41 вработени, од кои 20 се преку министерство, а 21 вработени преку општината?

Дали домот има две книговодства и дали вработени воопшто одат на работа и кои задачи ги извршуваат?

Дали на сметка на старите, немоќни, хендикепирани и болни лица, се плаќаат партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ?

Ги повикуваме трудовиот инспекторат и социјалната инспекција од Министерството за труд и социјална политика веднаш да направат контрола и да утврдат што се работело во домот за стари лица во Прилеп.

Згрозени сме од лицемерието на власта во заминување. СДСМ нема да дозволи, ниту сега, ниту понатаму власта да им ги зема парите на старите лица, а притоа да им пружа заштита која е под секое човечко достоинство!

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски