Вицепремиерот Османи во работна посета на Австрија

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, утре ќе престојува во работна посета на Австрија, каде ќе оствари средба со новата австриска министерка за Европа, Каролине Едштадлер.

Како што соопшти СЕП, централна тема во разговорите со Едштател, како и на другите предвидени средби на агендата на Османи се европските перспективи на Република Северна Македонија во пресрет на пролетните самити на ЕУ, особено поддршката која Австрија ја обезбедува за земјава и регионот.

Во рамките на посетата, Османи ќе оствари средба и со Барбара Каудел – Јенсен, советничка за надворешна политика на премиерот Себастијан Курц, како и со Петер Лаунски-Тифентал, генерален секретар при Министерство за надворешни работи на Австрија.

Предвидено е Османи да го посети и Долниот Дом при австрискиот Парламент, каде ќе има средба и со пратеници – членови на Комисијата за европски прашања, предводени од претседавачот Рајнхолд Лопатка.

Посетата на Виена на вицепремиерот Османи е дел од засилена дипломатска и државна активност, во пресрет на пролетните самити на Европската Унија, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито