Вицепремиерот Османи во посета на Романија

Од:

Во рамките на мини-турнејата за посета на земјите – претседавачи со ЕУ, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, ќе престојува во работна посета на Република Романија каде е предвидено да оствари бројни средби со државниот врв на земјата, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

Покрај домаќинот, министерот делегиран за европски прашања на Романија, Џорџе Чамба, Османи ќе се сретне и со премиерката Виорика Данчила, министерот за надворешни работи Теодор Мелешкану, како и со претставници на романскиот Парламент, меѓу кои и претседателката на Комисијата за европски прашања во романскиот Сенат, Габриела Крету.

Со оглед на фактот што од 15 јануари Романија го презеде шестмесечното претседавање со Европската Унија, на средбите се очекува да бидат отворени прашањата за приоритетите на романското претседателство; предизвиците и перспективите за проширувањето на Унијата со земјите од Западниот Балкан, како и билатералната поддршка од страна на Романија, особено за процесот на евроатланско интегрирање на Македонија.

Во рамките на оваа мини-турнеја, Османи ќе оствари посета и на Финска и Хрватска, како земји кои по Романија соодветно ќе претседаваат со Советот на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски