Вицепремиерот Османи се сретна со грчкиот амбасадор Јанакакис

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со амбасадорот на Република Грција во Македонија Димитриос Јанакакис.

На средбата, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот Османи го образложил Планот 3-6-9, кој претходно на денешната прес-конференција првпат и беше презентиран на јавноста.

Османи ги претставил реформските активности кои се планираат во првите три месеци и ги пренел очекувањата на Владата за отстранување на условеноста и добивање чиста препорака од страна на Европската комисија.

Вицепремиерот Османи нагласил дека Владата со досегашните активности и со овој план, како што се наведува, покажува и ќе докаже дека сака да ја врати земјата таму каде што припаѓа, во евро-атлантското семејство. Османи посочил дека долгото чекање пред вратите на Унијата ја повлекло земјата назад и ја однело во длабока политичка и институционална криза, поради што, како што се наведува, повеќе не смееме да правиме грешки.

– Ние мора да го искористиме овој прозорец на можности што сега ни се отвора, овој нов моментум на севкупен оптимизам, како во земјата, така и во земјите-членки на Европската Унија. За нас нема друга алтернатива освен членството во Европска унија, поради што е важна вашата поддршка, како сосед, пријател и партнер, за евроинтегративните процеси на нашата земја, нагласил Османи.

Вицепремиерот Османи истакнал дека промовирањето на односите и соработката со соседните земји, како и зајакнувањето на регионалната соработка, остануваат висок приоритет на Владата. Посочил дека мерките за градење доверба меѓу двете земји се значајни чекори кон промовирање на добрососедските односи и продлабочување на билатералната соработка и изразил подготвеност за понатамошно зајакнување и активно учество во сите релевантни иницијативи.

– Соработката меѓу двете земји беше од суштинско значење за запирање на миграциските текови кон остатокот од ЕУ и уште еден доказ дека кога работиме заедно, резултатите се евидентни, потенцира Османи на средбата.

Би можело да ве интересира

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции

ДУИ официјално го промовира Османи како кандидат за претседател

А1он

Средба Османи – Кулеба: Европската Унија е наша заедничка иднина

Горан Наумовски

Османи од Советот на безбедност на ОН: Правдата и одговорноста мора да надвладеат

Горан Наумовски