ВИДЕО: Вицепремиерот Османи ги осуди заканите кон претседателот на ЗНМ

Од:

Вицепремиерот Бујар Османи денеска ги осуди навредите од Бекир Асани од ДУИ упатени кон претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Притоа, Османи истакна дека Владата се залага за слобода на медиумите и дека тоа е во рамките на евро-атлантските процеси. Вицепремиерот ги повика органите да преземат мерки, при што истакна дека лично тој, а ниту Владата, нема да штити никого.

Станува збор за заканите и навредите што функционерот на ДУИ во неодамнешното интервју ги упати кон претседателот на Здружението на новинарите нарекувајќи го новинарот копиле и жена.

Османи оваа изјава ја даде денеска пред потпишувањето на договорот за развојна соработка и договорот за општите услови на развојната соработка помеѓу Република Македонија и Шведска.

Од друга страна, директорка на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), Керин Јамтин, истакна дека не е запознаена со ова прашање, но дека тие работат за унапредување на човековите права. Притоа таа истакна дека новинарите секогаш треба да бидат заштитени.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

(ВИДЕО) Старата скопска чаршија е нашата гордост, таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој, вели Османи

Горан Наумовски

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

Чаирчани се на „чисто“, ќе бираат помеѓу чесноста на Османи или корупција на Меџити, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Влен: Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Ахмети и Османи

Горан Наумовски