Вицепремиерот Фетаи го напушти Таравари: Гласот што не се продава никогаш не оди преку Ахмети

Од:

Потпреседателот на владата задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи останува во владеачкото мнозинство. Тој денеска во обраќање до јавноста, вели дека гласот на оние што не се продаваат никогаш не оди преку Али Ахмети и оти нема да дозволат ДУИ толку лесно да се врати.

– Ние сме чувари на една кауза. На еден идеал што никогаш не бил продаден и никогаш не се има наведнат. Вие, што ја изградивте оваа Алијанса со труд, со посветеност, дури и кога сè беше против нас. Вие, што бевте прогонувани и дискриминирани поради вашите политички убедувања и не се предадовте повеќе од 20 години. Вие, што никогаш не дозволивте Алијансата да стане алатка за лични интереси.
И што го заштитивте патот на Арбр како аманет, вели Фетаи во обраќањето.

дополнува дека повторно се наоѓаат на крстосницаи дека пред една година направиле храбра одлука која треба да ја повторат.

– И денес ви велам, со целосна увереност: Јас сум тука, покрај секој од вас што не го прифаќа понижувањето на нашата надеж. Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило. Тие мора да се соочат со вистините што ги избегнуваа две децении по ред. Тука не станува збор за поединец. Тука станува збор за нашето заедничко достоинство. Мојот глас е вашиот глас. Гласот на Алијансата што не се предава. Што не се продава. Што не се плаши. А тој пат никогаш не минува преку Али Ахмети, ниту преку некој што не им го посакува доброто на Албанците, порачува Фетаи.

Претходно во текот на денот, пратениот Салим Сулајмани од Алијанса за Албница од крилото на Арбен Таравари соопшти дека поднесува оставка. Со ова Таравари останува без пратеничка група бидејќи има четири пратеници. Според листата на ВРЕДИ во Изборната единица 5, по Сулејмани е Валбона Адили Емини од Движењето БЕСА.

Таравари веќе однесе оставка од министерското место во здравство. Превирањата во ВРЕДИ почнаа кога Алијанса донесе одлука на есенските локални избори да оди со посебни советнички листи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Таравари ќе ги напушти и ДУИ за подобра понуда или кога ќе биде уценет, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Пратеникот Сулејмани од АА на Таравари поднесува оставка, листата се поместува во корист на ВРЕДИ

Катерина Ѓуровски

Обидите на ДУИ преку Таравари да предизвика земјотрес се целосно неуспешни, велат од ВРЕДИ

Таравари поднесе оставка како министер: Одлуката ја носам по внимателна, лична и професионална проценка

А1он

Меџити: Сите позиции на Алијанса остануваат кај ВРЕДИ

Катерина Ѓуровски

Најмалку четири пратеници од Алијанса на Таравари ќе преминат кај власта, тврди Лимани

Катерина Ѓуровски