Вицепремиерот Џафери се сретна со грчкиот амбасадор Лалакос

Од:

Спроведувањето на Охридскиот договор, процесот на интеграција и решавањето на спорот со името беа темите на средбата на заменик-претседателот на Владата, Муса Џафери и грчкиот амбасадор Теохарис Лалакос.

Вицепремиерот Џафери, стои во соопштението од Секторот за евроинтеграции, истакнал дека Македонија останува на патот на интеграцијата во Европската унија и во НАТО, но за реализација на ова цел треба да се реши спорот со името, додавајќи дека престојниот период е клучен за да се постигне компромис и Македонија во наредниот извештај на ЕК во јуни да добие датум за отпочнување на преговорите со ЕУ.

Џафери посочил дека овој момент е најповолниот за во наредните три месеци да правиме интензивни заложби да се најде компромис.

Според грчкиот амбасадор, постигнувањето на компромис ќе ја продлабочи соработката меѓу двете земји. Тој потенцирал дека позицијата на грчката Влада е да се реши спорот кој постои меѓу двете земји, бидејќи ако не се реши, не може да се постигнеме нивото на целосна соработка.

– Во меѓувреме подготвени сме да соработуваме во сите области. Имаме добра соработка во трговијата, транспортот, исто така постои и техничка соработка меѓу двете земји, истакнал Лалалкос.

Според Џафери, Охридскиот договор е документ кој помогнал за интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО.

– Го очекуваме наредниот ивештај на ЕК и верувам дека генерално извештајот треба да биде позитивен за Македонија, но и проценката на извештајот за спроведувањето на Охридскиот договор, кој го испративме до ЕК минатата година. Охридскиот договор помогна во реформите на државата и им се прилагоди на евроатланските критериуми, ги релаксира меѓуетничките односи и ја отвори перспективата за интеграција во НАТО и ЕУ, истакнал Џафери.

Македонскиот вицепремиер и грчкиот амбасадор подвлекоа дека земјите од регионот треба станат членки во ЕУ и НАТО бидејќи тоа е единствениот пат кој гарантира сигурност, стабилност, перспектива и економски развиток, се наведува во соопштението од Секторот за евроинтеграции.

Би можело да ве интересира

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски

МНР: Коридорот 8 е од стратешко значење, но важна е и подготвеност за соработка на Бугарија