Вицепремиерката Арифи одржа предавање на ДУТ

Од:

Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи денеска пред студентите и професорите на Државниот универзитет во Тетово одржа предавање на тема „Кон европската иднина“.

– Ценам дека европската идеја е една глобална и многу значајна идеја која треба да биде промовирана. Ќе ја искористам можноста на студентите да им дадам едно видување во однос на процесот на евроатлантските интеграции, како тој процес напредува и како треба да продолжи во иднина, рече вицепремиерката Арифи.

Во однос на можноста Македонија да добие датум за отпочнување на преговори за пристап кон ЕУ на нивниот самит овој месец Арифи истакна оти не сака да предвидува што ќе се случи.

 – Од сите мои состаноци вклучувајќи го и последниот мој разговор со министерот за европски прашања на Франција, господин Казнев, можам да заклучам дека европските земји, Европската Комисија, европските партнери се многу коректни во однос на прашањето за отворање на преговори со Македонија. Секако мислам и се надевам дека  ЕУ ќе најде еден  коректен начин да даде коректни заклучоци на самитот во декември. Мислам дека оваа година со дијалогот на високо ниво сработивме доста. Работата или процесот на приближување на ЕУ е еден долг процес и нема брзо да заврши но мислам дека сме на добар пат, рече Арифи.

Одговарајќи на новинарско прашање околу можноста таа да учествува на претстојните локални избори како кандидат на ДУИ за градоначалник на Тетово Арифи рече дека во моментот е фокусирана само на прашањето за евроинтеграциите.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски