Вибер контакт на Мукоски на 27 април: Шеќерка мене остајте ми ја

Од:

Од Вибер групата каде членуваат дел од пратениците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, преку која, како што можеше претходно да се види, се организираат граѓаните да дојдат во Собранието, лицето потпишано како „колешка Чаир“ во мобилниот телефон на пратеникот Крсто Мукоски, во 18:14 пишува „Дај боже да влеземе, да ги затепаме ихаааа“. Од 13 и 30 чекаме хахахахахахах…“

Во 18:49 часот истиот контакт во групата пишува „Влезе народот. Влеговмееее, ајде пратеници“.

Во 18:53 часот лицето „колешка Чаир“ вели „Отворете ги предните вратииии“.

Една минута подоцна истиот контакт во групата пишува „Шеќерка мене остајте ми ја, отварајте дечки вратите“.

Во 19 и 15 лицето „колешка Чаир“ во групата каде што членуваат пратениците вели „Пуштајте клима, изгинаа луѓево“.

Рочиштето за „крвавиот“ четврток продолжува со читање на СМС и Вибер комуникациите од телефонот на Крсто Мукоски со разговорот помеѓу пратеникот и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, каде пратеникот се распрашува за снимките од безбедносните камери од Собранието.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски