Веста за пираните го зголеми интересот за риболов во Дојран

Од:

Последните десетина дена бројот на издадени дневни дозволи за рекреативен риболов во Дојранското езеро се зголемил за околу 200 отсто ,вели концесионерот Илчо Парчев.

Според него, веста за појава на пирани во езерото го зголемила интересот кај спортските риболовци.

– Сите сакаат да ја фатат оваа необична риба и самите да се уверат дали таа постои во езерото или не. На Дојран веќе ништо не може да му наштети бидејќи се гледа оти работите се наместени, вели Парчев, кој уверува дека и покрај секојдневното поставување мрежи низ целото езеро досега нема улов на риба што не е автохтона за ова поднебје и нема нови примероци на пирана.

Истото го потврдуваат и рибарите кои секојдневно се на брегот на Дојранското езеро и чекаат да уловат некоја невообичаена риба, но на крај денот го завршуваат со улов на црвеноперка, костреж, крап и сом односно со рибите карактеристични за езерото.

Концесионерот нагласи дека покрај двата примероци на пирани кои се испратени на генетско истражување, деноноќниот мониторинг на езерото не потврдил присутво на озлогласената риба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Колони, гужви и чекање на излезите за Грција и на влез од Србија

Ангелов: Дејствуваат два „Ер трактори“, пожарот во Дојран до крајот на денот ќе биде под контрола

Горан Наумовски

Пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран се прошири и на грчка страна

Грција испрати два „канадери“ и пожарникари да помогнат во локализирање на пожарот кај Дојран

Горан Наумовски

Ангов: Потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ

На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час