Весна Дамева е нов претседател на Судски совет

Од:

Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет. Дамева беше избрана со десет гласа за и еден против.

Од гласањето се иззема Зоран Герасимовски.

Дамева доаѓа наместо на Павлина Црвенковска која минатиот вторник поднесе неотповиклива оставка од претседателската функција.

Црвенковска поднесе неотповиклива оставка од претседателка на Советот. Во соопштението што го испрати до медиумите за нејзината оставка, таа тогаш се пожали дека веднаш по нејзиниот избор на функцијата започнала медиумска хајка со крајна цел да даде оставка затоа што нејзиниот избор за претседател не одговарал на група од „судската бизнис-елита“.

Би можело да ве интересира

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието