Весковски: Карпош нема да стане Дебар Маало

Од:

Општинската организација на СДСМ Карпош особено пред локалните избори, беше соочена со многу предизвици, па дури и предавство, кое мора да признаеме остави последици и врз организацијата и врз членовите. За среќа, не нѐ уби туку не направи посилни и ни даде можност да видиме кој вистински е со СДСМ, а кој не, вели Душко Весковски, претседателот на општинската организација на СДСМ Карпош во интервју за sdsm.org.mk.

– Многу енергија, труд и време е вложено во градењето на општинската организација до сега, за што сме им благодарни на сите претходни раководства. Задачата којашто си ја поставивме, како ново раководство, е да ѝ дадеме еден малку поинаков лик, да внесеме млад дух и свежи идеи, за да може да се носи со новото време и да одговори на предизвиците кои нè очекуваат. Искрено, атмосферата којашто владееше и енергијата што јас ја почувствував за време на одржувањето на Конференцијата за избор на раководство на општинската организација на СДСМ Карпош ми дава за право да верувам дека сме на вистинскиот пат – вели тој.

Весковски најавува секојдневни средби со членовите на месните организации и одбори и со симпатизерите, порачувајќи „Ќе се преброиме кои сме и до каде сме, за да може да ја планираме и градиме политиката во иднина“.Тој истакнува дека најгорливиот проблем во Карпош е што општината забрзано го губи сјајот на плански градена урбана општина.

– Сведоци сме на се почесто непланско градење и узурпирање на зеленилото, или на таканаречената „дебармаализација“. Заради тоа, преку членовите на советничката група во советот на општината ќе се бориме за спречување на овие појави. Општината има и многу други прашања на кои треба да се работи, како што се гасификацијата, дом за стари лица, патеки за велосипеди и ролерки итн. Ние ќе продолжиме да ги следиме политиките на власта, како на локално така и на централно ниво, коишто ќе имаат влијание врз стандардот на живот и директно ќе ги засегаат жителите на Карпош и соодветно аргументирано и јавно ќе укажуваме на пропустите и недоследностите, односно ќе ги поздравиме ако увидиме дека се во вистинска насока – вели Весковски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски