Вештак не се појави на судењето против Милошоски, одложено рошчиштето за „Моќник“

Од:

Еден од повиканите вештаци во случајот „Моќник“ каде третообвинет е пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, не се појави на денешното рочиште. Тој добил уредна покана, но не се јавил на повикот. На судењето беше сослушан само еден сведок. По една година судења, случајот е се уште во доказна постапка.

Судијката Ленка Давидкова закажа ново рочиште за овој случај, кое треба да се одржи на почетокот од февруари. За тогаш, одново е повикан вештакот кој не се јави на денешното судење. Предвидено е тој тогаш да биде сослушан.

Милошоски се товари дека ги сторил кривичните дела измама и злоупотреба на службената положба и овластувања. Прво и второобвинет за измама, пак, се таткото на Милошоски и поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески. Според обвинението, пратеникот Антонијо Милошоски ја искористил својата позиција и вршел континуиран притисок врз државните органи и судовите за да не ја поништат продажбата на зграда од 157 квадратни метри и дворно место од 3 920 квадратни метри во Македонски Брод, а го купил неговиот татко.

Во февруари минатата година, сите обвинети се изјаснија како невини и негираа дека го сториле делото.

Би можело да ве интересира

Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи

СДСМ: Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

Милошоски: Раштимана делегација во Минхен, двоглавото претставување е за потсмев

Милошоски: Пендаровски ја релативизира позицијата во која не донесе Владата

Катерина Ѓуровски

Милошоски до Јовески: Како може ДЗР во март да ви достави извештај за Онкологија, а вие до ден денешен да немате истрага?

Милошоски: ДУИ ги приватизира игрите на среќа