Верижен судар кај мостот „Гоце Делчев“, повредени две жени

Од:

Две жени се повредени во верижен судар што се случи утринава околу 9 часот на мостот „Гоце Делчев“.

Во сударот учествувале пет возила „голф“, „мерцедес“, „форд“, „пежо“ и „опел корса“, сите со скопски регистарски таблички.

– На повреди се пожалиле две жени. Едната е возач на пежото и таа е пренесена во Градската болница „Наум Охридски“, а другата е сопатник во голфот.

– Таа е пренесена во Ургентниот центар, изјави Лиза Бендевска од Секторот за односи со јавност во СВР Скопје.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он