Вербална нота до Атина за омаловажувањата на македонски граѓани во Грција

Од:

Во Министерството за надворешни работи денеска му беше упатена вербална нота на шефот на грчката канцеларија за врски во Скопје, Харис Лалакос, поради зачестеното оштетување возила со македонски регистарски таблички на територијата на Грција.

Во вербаланата нота се искажува протест и за неодамна одржаниот организиран собир на македонско-грчките гранични премини каде што имаше екстремно националистичка иконографија проследена со упатување навреди, закани и речник на омраза кон македонските граѓани.

Македонското МНР очекува од грчките власти да преземат соодветни мерки за во иднина се спречат ваквите појави.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија