Венко нема поддршка од своето членство, а не пак од наставниците, треба да си оди од политиката, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Очаен протест на СДС, Венко нема поддршка од своето членство, а не пак од наставниците, треба да си оди од политиката. 20 тина активисти на СДС и Венко Филипче, така изгледаше фамозно најавуваниот протест пред МОН вчера. Венко Филипче нема поддршка од наставниците, затоа што знаат дека е лицемерен. До вчера Венко Филипче беше власт и можеше да им ги покачи платите, тоа не го стори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Венко Филипче очигледно е пуштен низ вода и во СДС од тие кои му кажале да организира протест, на кој има помалку луѓе отколку функционери во СДС. Филипче треба да си замине од политиката. Нема поддршка од никого. А СДС треба силно да се реформира. За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ мисли на наставниот кадар. Платите на наставниците ќе се зголемат од март. Наставниците ќе добијат поголеми плати во првата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите