Велосипедско дефиле во Скопје

Од:

Велосипедско дефиле ќе се одржи денеска во Скопје во рамки на Европската недела на мобилност. Старот ќе биде пред Порта Македонија во 10:30 часот.

На дефилето ќе присуствуваат заменик-министерот за животна средина, Стево Темелковски, раководителот на секторот за соработка во ЕУ, Мартин Клауке и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Велосипедистите ќе се движат по следната маршута Порта Македонија – ул.„Димитрие Чуповски“ – бул. „Климент Охридски“ – бул. „Партизански одреди“, се врти кај Влае-кружниот тек – бул. „Партизански одреди“ – бул. „Илинденска“ – Школка, Градски Парк во должина од 10 километри.

Во рамки на дефилето ќе биде организирана забавна програма и ќе бидат извлечени добитници на велосипеди како симбол на користење алтернативни превозни средства.

Би можело да ве интересира

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Тешка сообраќајка во центарот на Скопје: Повредени докторка и здравствен работник, повреден пациент почина во болница

Велосипедско дефиле во Скопје

Од:

По повод Европската недела на движење, денеска во Скопје ќе се одржи велосипедско дефиле под мотото „Во град без мојот автомобил“. Стартот е во 11 часот пред плоштадот „Пела“, а целта кај Школката во Градскиот парк.

Организатори на дефилето се Град Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање и Делегацијата на Европската унија во Македонија. Во велосипедското дефиле ќе се приклучи и скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Велосипедистите од плоштадот „Пела“ ќе поминат низ „Порта Македонија“, ќе се движат по улицата „11 Октомври“ и низ булеварите „Кочо Рацин“, „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Јане Сандански“. На крстосницата со булеварот „Србија“ се прави полукружно вртење и велосипедистите ќе се вратат по булеварите „Јане Сандански“, „Кузман Јосифовски-Питу“ „Крсте Мисирков“, „Гоце Делчев“, „Илинден“. Влезот  во Градски парк е меѓу паркингот на Зоолошката градина и бараките на Град Скопје, до Школка во Градски парк.

На пладне кај Школката ќе се одржи манифестација на која ќе се обрати градоначалникот Трајановски, а за учесниците во велосипедското дефиле ќе има награди. Првпат во Македонија ќе се организира Саем на велосипеди од познатите светски брендови.

Град Скопје ги известува граѓаните дека во текот на движењето на велосипедистите, на овие улици и булевари ќе има краткотраен прекин на сообраќајот.

Градските власти ги повикуваат сите граѓани и институции да ги остават паркирани своите возила и да се одлучат за велосипеди, да пешачат или да користат јавен превоз.

Би можело да ве интересира

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Тешка сообраќајка во центарот на Скопје: Повредени докторка и здравствен работник, повреден пациент почина во болница