Велосипедско дефиле во Македонија

Од:

По повод 22 Септември – Денот без автомобили и Европската недела на мобилност 2016 (16-22 септември), на градските улици во Скопје и во 12 други градови ќе се одржи велосипедско дефиле.

Традиционално, дефилето во Скопје ќе стартува во 11 часот кај порта „Македонија“. Велосипедистите ќе возат по улицата „11 Октомври“, а на крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“ ќе завртат десно до крстосницата со улицата „Свети Кирил и Методиј“. Потоа ќе возат по улицата „Свети Кирил и Методиј“, па десно по булеварот „Свети Климент Охридски“, на крстосницата со булеварот „Партизански одреди“ ќе завртат лево и ќе возат по булеварот се до крстосницата со улицата „Никола Парапунов“. Потоа ќе завртат десно и по булеварот „Илинден“ ќе пристигнат во Градскиот парк, на Школка.

Во 11:30 часот на Школката во Градскиот парк, ќе се одржи забавен хепенинг со настап на уличните свирачи и наградна игра за учесниците во дефилето.

На дефилето ќе се приклучат и ќе се обратат шефот на Делегацијата на ЕУ Самуел Жгобар, вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми, министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети и претседателката на Советот на Град Скопје Ирена Мишева.

Велосипедско дефиле ќе има и во Берово, Битола, Кичево, Струмица, Велес, Кочани, Куманово, Неготино, Дојран, Охрид, Пехчево и Штип.

Оваа година Европската недела на мобилност се одбележува во повеќе од 2.370 градови и во 51 држава од Европа и светот.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот