Македонското еколошко друштво во соработка со Бугарската Фондација за биодиверзитет денеска и утре организира велосипедска тура на Осогово.
Организаторите на крајот на велосипедската тура најавуваат одржување прекуграничен форум на тема „Природен потенцијал и одржлив туризам на Осогово“ на 30-ти овој месец.
Настанот се организира во рамки на проектот „Поддржување на одржлива иднина за луѓето и природата на Осоговските Планини“ што го спроведува МЕД со финансиска поддршка на ДБУ, Франкфуртско зоолошко друштво и Фондацијата Еуронатур