Велосипедска патека на бул. „Александар Македонски“

Од:

Пуштена е во употреба реконструираната велосипедска патека по должината на булеварот „Александар Македонски“, на потегот од клучката „Естекада“ до бараките на општина Гази Баба.

На пуштањето во употреба денеска присуствуваа градоначалниците на Град Скопје и на Гази Баба Коце Трајановски и Тони Трајковски.

– Постојната велосипедска патека на оваа делница беше многу оштетена и полна со дупки. Реконструкција е извршена на 1.530 метри и на ширина од 2,5 метри. Отстранет е стариот и оштетен асфалт, се санираа дупките и нерамнините, се поставија нови рабници и се нанесе нов асфалтен слој, рече Трајановски.

Додаде дека патеката е обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација, со континуирана препознатлива бела боја, што е во согласност со Акцискиот план за велосипедските патеки 2014 – 2017 година што го подготви Град Скопје.

Оваа велосипедска патека ги заобиколува постојните автобуски станици од задната страна, а при нејзиниот влез и излез од крстосниците се направени рампи за глатко движење. По должината на патеката се поставени и столпчиња за да се спречи непрописното паркирање моторни возила.

Паралелно со реконструкцијата на велосипедската патека, Град Скопје ја реконструираше и пешачката патека по должината на булеварот „Александар Македонски“, од клучката „Естекада“ до бараките на општина Гази Баба. На терен работеа екипите на ЈП „Улици и патишта“.

За реконструкција на велосипедската и на пешачката патека Град Скопје потроши околу 11 милиони денари.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство