Вело-остров во паркот „Јане Сандански“ во Аеродром

Од:

Под мотото „Вклучи се за здрава животна средина!“ денеска ќе биде промовирано паркиралиште за велосипеди во паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром.

Вело-островот е донација на Здружението на граѓани „Центар за климатски промени“-Гевгелија.

Целта е да се придонесе кон намалување на аерозагадувањето и бучавата, а воедно да се придонесе кон поздрава и почиста животна средина, која е дел од акцискиот план за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки во областа на животната средина, кој е изработен за периодот 2017-2020 година.

Во рамки на промоцијата, на првите 100 учесници ќе им бидат поделени флексибилни ленти и беџови брендирани со логото на проектот, донаторот и пораката за вклучување за поздрава животна средина.

Настанот е дел од активностите на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“. Финансиран е во рамки на програмата за акциски грантови на невладината организација Цивика мобилитас.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени