(ВИДЕО) Велковски: Со членството во НАТО на македонските компании им се отвора пазар вреден 4 милијарди евра на годишно ниво

Од:

„Нашите тешки, мудри и храбри одлуки во изминатите три години ни донесоа стабилна, безбедна и економски просперитетна држава. Затоа ние сме подготвени да продолжиме со големите економски промени. За државните и децениските прашања покажавме дека имаме визија, одлучност и европски сојузништва. Со решавањето на регионалните спорови ние и ги отворивме перспективите на државата кон ЕУ и НАТО. Нашата политичко – дипломатска стратегија, на која посветивме голем дел од скратениот мандат, се исплатеше затоа што станавме позитивен пример за стабилизација на регионот, а со тоа ја обезбедивме поддршката на Европската Унија која е пред одлука да ни додели датум за преговори“, рече пратеникот на СДСМ, Диме Велковски на денешната прес конференција.

Велковски истакна дека денес со гордост можеме да кажеме дека по заслуга на граѓаните македонската армија е дел од НАТО, најмоќниот безбедносен сојуз.

Тој нагласи од говорницата дека нашата држава е извесна 30 членка на НАТО Алијансата, а членството освен што носи безбедност и стабилност носи и повеќе пари кај сите граѓани.

„Тоа се потврдува со економските параметри од 2018 година, кога Северна Македонија ја доби поканата за членство во НАТО, пример за тоа се странските инвестиции коишто беа неколкупати поголеми во однос на претходните години. Политиките на СДСМ и претседателот Зоран Заев придонесоа да имаме рекордно најниска невработеност од 17 проценти, но исто така и драстично да се зголемат сите платите во сите сектори. Тоа значи дека македонската економија се стабилизира  што се потврдува и со растот на извозот и растот на индустриското производство. Со членството во НАТО на македонските компании им се отвора пазар вреден 4 милијарди евра на годишно ниво. Тие сега можат да ги пласираат домашните производи затоа што Агенциите на НАТО за услуги, набавки, информатика и комуникации остануваат достапни“, додаде Велковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“