Поранешниот директор на Драмски театар Роберт Вељановски кој беше присутен на протестот пред Кривичниот суд, изјави дека дошол да го изрази револтот што неговите колеги Владо Јовановски и Игор Дурловски се осомничени за тероризам.
– Вон секоја памет е тоа дека Игор Дурловски и Владо Јовановски се терористи, затоа сум тука, изјави Вељановски.