Вељаноски: Револтиран сум од обидот за злоупотреба на приватноста на моето семејство и на моите деца

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски е револтиран од, како што наведува во реакцијата, злоупотребата на приватноста на неговото семејство и на неговите деца. Вчера беа објавени фотографии од неговата ќерка Ивана, која се фотографирала во костим за капење.

„Револтиран сум од обидот за злоупотреба на приватноста на моето семејство и на моите деца. Очигледно е дека задирањето во приватноста во овој сложен политички момент, воопшто не е случајно. Сепак, колку и да се обидуваат преку злоупотреба на приватноста да удрат по институциите, не само што тоа нема да ме поколеба, туку напротив, ме прави уште порешителен во остварувањето на интересите на граѓаните, почитувањето на Уставот и институциите и спроведувањето на редот и поредокот во нив. И покрај сè, непромисленото и недостоинствено постапување во некое идно време ќе биде причина за голем личен срам и каење на оние што посегнале кон злоупотреба на лични и фамилијарни сегменти на политичките неистомисленици“, стои во реакцијата на претседателот на Собранието.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции