Вељаноски во официјална посета на Турција

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска и утре престојува во официјална посета на Турција, на покана на својот колега, претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Џемил Чичек.

Вељаноски денеска ќе биде пречекан од неговиот домаќин Чичек во Tурското национално собрание, а потоа ќе разговара и со потпретседателот на турската Влада Булент Аранч, а ќе биде примен и од претседателот на Турција, Абдулах Ѓул.

Синоќа во чест на првиот парламентарец прием приреди претседателот на меѓупарламентарната група за пријателство Турција – Македонија Хусеин Бурге.

Утре во Истанбул, Вељаноски ќе има средба и со патријархот Вартоломеј.

Во придружба на Вељаноски во посета на Турција се и пратениците Ќенан Хасипи, Газменд Алији, Реџаил Исмаили и Илија Димовски.

Ова е прва официјална посета на Вељаноски по неговиот повторен избор за претседател на Собранието, а од 2010 наваму втора на Турција.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on