Вељаноски во официјална посета на Србија

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски од денеска престојува во официјална посета на Република Србија.

Како што соопшти кабинетот на Вељаноски, посетата е во функција на позитивен пролетен Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, во сегментот унапредување на добрососедските односи.

Вељаноски, освен со својот колега, претседателот на Народното Собрание на Република Србија Небојша Стефановиќ, ќе се сретне со српскиот претседател Томислав Николиќ, со премиерот Ивица Дачиќ, со министерот за надворешни работи Иван Мркиќ, со претседателот на парламентарната група за соработка Зоран Остојиќ и членовите на групата, како и со претставници на заедницата на Македонците во оваа земја.

Во состав на собраниската делегација се и претседателот на групата за соработка на Собранието на Република Македонија со Народното Собрание на Република Србија Драгиша Милетиќ и членовите на групата пратениците Косана Николиќ – Мазнева, Иван Стоиљковиќ и Тања Томиќ.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија