Вељаноски во Белград: Македонија и Србија ги исполнија сите критериуми за преговори со ЕУ

Од:

Очекуваме и посакуваме во јуни да добиеме датум за преговори со ЕУ, а оваа моја посета е во фокусот на добрососедските односи, кои се традиционално добри, изјави денеска во Белград претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, кој е во дводневна официјална посета на Србија, јави известувачот на МИА.

– Оваа посета на Србија е во фокусот на добрососедските односи. Очекуваме, посакуваме, се надеваме затоа што ги исполнуваме сите критериуми и Македонија и Србија да добијат датум за преговори во јуни. И двете земји побрзо да се интегрираат во ЕУ, рече Вељаноски истакнувајќи дека исполнувањето на стандардите е за добро на сите граѓани.

Србија и Македонија секогаш имале добра соработка, додаде Вељаноски, но според него е посебно значаен е придонесот на српската заедница во Македонија која има двајца свои претставници во македоснкиот Парламент.

– Самото тоа дава знак дека државите имаат соодветен третман кон етничките заедници. Српската држава имала секогаш значаен третман кон македонската заедница во Србија, изјави првиот парламентарец по средбата со неговиот српски колега Небојша Стефановиќ.

Според него, посетите на Македонија на претседателот на Србија Томисла Николиќ и на премиерот Ивица Дачиќ дава посебен акцент на односите меѓу двете земји. Вељаноски ја најави мајската конференција на претседатели на парламенти во рамки на ПСЈИЕ во Охрид.

Претседателот на српскиот Парламент Небојша Стефановиќ истакна дека Србија и Македонија се подготвени за почеток на преговорите за влез во ЕУ и се согласи со Вељаноски дека треба да се интензивира економската соработка меѓу двете земји.

– Многу теми се заеднички за двете земји. Двете земји достигнаа одредени стандарди и ги исполнија копенхашките критериуми и препораките на Советот на Европа и се надеваат на почеток на преговорите со ЕУ. Тој вид на охрабрување и влез во ЕУ ќе биде значајно не само во политичка смисла туку и за натамошна економска соработка, за што исто така имавме прилика да разговараме, изјави Стефановиќ.

Што се однесува до парламентарната соработка, формирани се групи за пријателство кои ќе соработуваат и ќе придонесат двете земји поуспешно да соработуваат.

– Мислам дека оваа посета ќе придонесе да се зацрвсти традиционалното добро пријателство меѓу нашите две држави и да отвори нов вид на соработка во смисла на билатерална и регионална соработка. Двете земји се цврсто посветени на зацврстување на регионалната соработка која ќе овоможи да имаме корист од Европската унија, но и друг држави од нашиот регион, рече претседателот на српскиот Парламент.

На средбата станало збор за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, но и за зајакнување на парламентарната и економската соработка, што ќе овозможи пласман на македонски и српските производи на трети пазари и зголемување на обемот на трговската размена меѓу двете земји. Дотолку повеќе, додаде Стефановиќ, во земји кои имаат силни желби за зајакнување на земјоделството.

Во состав на собраниската делегација се и претседателот на групата за соработка на Собранието на Република Македонија со Народното Собрание на Република Србија Драгиша Милетиќ и членовите на групата пратениците Косана Николиќ – Мазнева, Иван Стоиљковиќ и Тања Томиќ.

Би можело да ве интересира

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски

МНР: Коридорот 8 е од стратешко значење, но важна е и подготвеност за соработка на Бугарија