Вељаноски се сретна со претседателот на Парламентот на Валонија, Жан-Шарл Липерто

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска се сретна со претседателот на Парламентот на Федерацијата Валонија-Брисел и градоначалник на градот Самбервил, Жан-Шарл Липерто, кој беше придружуван од градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексов и заменик градоначалникот на Самбервил, Никола Димон.

Вељаноски, како што соопшти неговиот Кабинет, изразил задоволство од посетата на Липерто, кој воедно ја извршува и функцијата градоначалник на градот Самбервил, Белгија и се заблагодари за континуираната поддршка што Република Македонија ја добива од страна на франкофонскиот дел на Белгија, Валонија.

На средбата станало збор за соработката меѓу двете земји на повеќе полиња, меѓу што се вбројува и културната размена меѓу општините, заемните посети на регионално ниво и иницијативите за продлабочување на соработката на парламентарно ниво.

Во однос на разликите во системите на двете земји, Вељаноски истакна дека во Република Македонија, законските прописи предвидуваат неспојливост на функцијата пратеник со вршење на функцијата градоначалник или со некоја друга професија, за разлика од Белгија каде е допуштено извршување на повеќе функции истовремено.

За време на средбата, Вељаноски ги запозна гостите со политичките прилики во Република Македонија, реформите во земјата, наметнатите пречки за евроатланско интегрирање на земјата, економското јакнење, како и соочувањето со предизвиците произлезени од економската криза. Тој се осврна и на потешкотиите со кои се соочуваат некои земји во Европската унија.

Жан-Шарл Липерто изразил благодарност до Вељаноски за средбата, истакнуваќи дека му претставува особено задоволство што неговата прва посета на Балканот е токму во Република Македонија. Тој ја нагласил поддршката што Валонија ја дава на Република Македонија , особено преку заедничкото членство во Меѓународната организација на Франкофонијата, каде членките освен што го споделуваат францускиот јазик, се залагаат и за почитување на универзалните демократски вредности како столб на секоја демократска земја.

На крајот, Вељаноски изразил уверување дека оваа средба ќе го поттикне продлабочувањeто на соработката меѓу двата парламента во насока на размена на искуства и практики корисни како за парламентите, така и за граѓаните на двете земји.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски