Вељаноски се сретна со делегацијата на холандските пратеници

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска имаше средба со делегација на Комисија за европскли прашања од Парламентот на Холадија.

Вељаноски изразил задоволство од посетата на делегацијата и се заблагодарил за поддршката која Република Македонија во континуитет ја добива од пријател како што е Холандија во однос на евро-атлантското интегрирање.

Како што соопшти денеска Кабинетот на Претседателот на Собранието, Вељаноски ги запознал соговорниците со актуелните политички случувања во Република Македонија, како и со огромната посветеност на земјава на патот на членство во Европската унија и НАТО, големата заинтересираност на граѓаните за интегрирањето на државата и многуте реформи што Република Македонија ги има направено и спроведено во последните неколку години.

Тој потенцирал дека и покрај долгогодишниот кандидатски статус и недобивање на датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ и покрај недобивањето на членство во НАТО, Република Македонија без обесхрабрување ќе продолжи да ги спроведува потребните реформи и обврски, пред се заради своите граѓани, а потоа и за да со добивање членство биде конкурентна и политички и економски.

Членовите на делегацијата од Парламентот на Холандија потенцирале дека ретко патуваат во други држави, но оти интересот за посетата на Република Македонија бил голем и изразиле уверување дека не направиле грешка во проценката која држава да ја изберат за посета.

Претседателот Вељаноски и пратениците од холандскиот парламент размениле мислење и за значењето на владеење на правото, за слободата на изразување, за медиумите. Тој ги запознал гостите и со случувањата од крајот на минатата година, со одржаните локални избори и исходот од нив, како и со нормализирање на политичката состојба и очекувањето на препораки и референци од формираната комисија, кои ќе придонесат за истото да не се повтори.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги