Вељаноски се сретна со албанскиот министер за надворешни работи Бумчи

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска се сретна со албанскиот министер за надворешни работи Алдо Бумчи, кој престојува во официјална посета на Македонија.

На средбата, како што информира кабинетот на претседателот на Парламентот, Вељаноски ги истакнал пријателските односи меѓу двете држави и заемната поддршка на билатерален и мултилатерален план. Вељаноски искажал благодарност за како што е наведено, јасната, константна и принципиелна поддршка на Албанија за зачленување на Република Македонија во НАТО, иако двете држави заедно почнаа да одат кон оваа цел.

– Во однос на етничките односи, Република Македонија дава голем придонес во спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, се вели во соопштението.

Претседателот на Собранието изразил задоволство за враќање на топонимите во населените места каде живеат Македонци во Република Албанија. Во таа насока, се наведува во соопштението, двете држави покажуваат зрелост во меѓусоседската соработка.

Вељаноски искажал задоволство од спроведените локални избори во Македонија, истакнувајќи ја демократската зрелост на државата и му посакал на Бумчи во јуни во Албанија да бидат организирани фер и демократски избори.

Министерот Бумчи го потенцирал искрениот, пријателски однос меѓу двете држави и повторил дека Република Албанија го почитува суверенитетот и интегритетот на Република Македонија. Во однос на економската соработка, тој искажал уверување дека со изградбата на патната инфраструктура во двете држави таа ќе се зголеми на поголемо ниво. Изразил задоволство од отворањето на повеќе гранични премини и преминувањето на границите на двете држави само со лични карти.

Вељаноски и Бумчи изразија уверување дека во иднина односите меѓу двете држави ќе го задржат високиот степен на пријателство и разбирање.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски