Вељаноски, Ристовски и Атанасовски добија куќен притвор, судот смета дека можат да избегаат

Од:

Судијата Илија Трпков смета дека околностите укажуваат дека обвинетите Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски можат да се дадат во бегство. Судечкиот совет одреди куќен притвор, наместо ефективен за Вељаноски, Ристовски и Атанасовски. За Јанакиески беше кажано дека мерката куќен притвор е доволна за обезбедување на присуство.

„Судот донесе решение предлогот на Обвинителството за укинувањето на мерката куќен притвор за Миле Јанакиески и определување притвор да се одби. Според советот, ваквата мерка е доволна за обезбедување на обвинетиот до правосилност на постапката или поинаква одлука на судот. Судот донесе решение по однос на предлогот за мерка притвор за останатите обвинети, тој делумно да се уважи. Спрема обвинетите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Владимир Атанасовски се определува мерка куќен притвор до правосилност на пресудата. Забрана имаат за напуштање на местото каде ќе се издржува мерката куќен притвор. Има забрана за употреба на уреди за комуникација со лица. Ако не ги почитуваат мерките, ќе се определи притвор“, рече Илија Трпков.

Претходно, обвинителката Смаќоска побара притвор. Таа смета дека тие имаат контакти бидејќи некогаш биле високи функционери, а со тоа можат да се дадат во бегство. Притворот е побаран бидејќи се осудени како организатори на 27 април.

„Предлагам на Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и Владимир Атанасовска да им се определи притвор до правосилност на пресудата. Денеска тие се огласени за виновни за многу тешко кривично дело. Тие имаат многу познанства во странство, кои ако се бранат од слобода тие ќе се дадат во бегство, односно кријат за да ја избегнат кривичната одговорност и издржување на ефективната казна затвор. Со оглед дека Миле Јанакиески е во куќен притвор по друг предмет, предлагам судот да ја укине таа мерка и да определи притвор по истите основи како останатите обвинети“, рече обвинителката Гордана Смаќоска.

На ова се спротивставија адвокатите на обвинетите кои добија затворски казни за случајот „Организатори на 27 април“. Адвокатот Еленко Миланов кажа дека сите обвинети до сега го почитувале судот, доаѓале на судења, а за обвинетиот Миле Јанакиески кажа дека веќе е во куќен притвор и нема ниту едно негово прекршување.

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески