Вељаноски присуствуваше на погребот на Маргарет Тачер

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска во Лондон присуствуваше на церемонијалниот погреб на поранешната премиерка на Велика Британија, баронесата Маргарет Тачер.

Централната погребна служба на бароницата Тачер, конзервативниот премиер 1979-1990, се одржа во катедралата Свети Павле во центарот на Лондон. Кралицата Елизабета, премиерот Дејвид Камерон, како и десетина актуелни претседатели на држави и премиери беа меѓу повеќе од 2.000 високи политички јавни личности кои и оддадоа последна почит. Ова е првпат Кралицата Елизабета да присуствува на погреб на еден британски премиер по оној на Сер Винстон Черчил во 1965 година.

Претседателот Вељаноски по завршувањето на погребната церемонија присуствуваше на прием во официјалната резиденција во Лондон.

Вељаноски, како што соопшти неговиот кабинет, имаше кратки средби со актуелниот британски премиер Дејвид Камерон, поранешениот британски премиер Џон Мејџор, поранешениот канадски премиер Стивен Харпер, со актуелниот албански премиер Сали Бериша и други политички личности.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги