Вељаноски примен од турскиот претседател Ѓул, денеска средба со патријархот Вартоломеј

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски во рамки на посетата на Турција беше примен од турскиот претседателот Абдула Ѓул, а денеска во Истанбул ќе има средба со фанариотскиот православен патријарх Вартоломеј, јави известувачот на МИА.

Турскиот претседател истакна дека Македонија има многу силно лоби во Турција за привлекување инвестиции и оти земјата има потенцијал кој треба да се искористи.

Турција ја поддржува Македонија во евроатланските интеграции, а турскиот претседател лично се заложил кај ганералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен за прием на земјата во Алијансата.

Големото посебно пријателство меѓу двете земји, според турскиот претседател Ѓул, е поради големата сличност и блискоста на народите.

Вељаноски му се заблагодарил на Ѓул за големата поддршка што оваа земја и ја дава на Македонија и го информирал турскиот претседател за актуелната политичка состојба во земјата, за добиената доверба на изборите која, како што рекол, треба да се оправда пред граѓаните. – За нас е особен приоритет членството во НАТО, рекол Вељаноски. Спикерот посочил дека и покрај кризата, Македонија има добар економски раст и оти се надева и очекува нови турски инвестиции.

На средбата со Ѓул присуствуваше и претседателот на Големото национално собранние Џемил Чичек, на чија покана Вељански е во посета на Турција и со кого вчера имаше тет-а-тет средба, а потоа и средба со парламентарната делегација.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Истанбул ќе има средба со фанариотскиот православен патријарх Вартоломеј.

Средбата на Вељаноски со патријархот е во рамки на дводневната официјална посета на претседателот на македонското Собрание на Турција. Првиот парламентарец последен пат имаше средба со патријархот во 2010 година.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски