Вељаноски при изборот на Џафери барал пратениците да му го штитат кабинетот

Од:

Од пораките кои денеска се презентираат на рочиштето за 27 април од телефонот на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски може да се види како вработена во Собранието му го раскажува на Вељаноски пресот на Зоран Заев во кој вели дека дојден е моментот, односно дека во понеделник кога ќе дојде американскиот претставник Хојт Брајан Ји, Собранието на РМ треба да има нов претседател.

Вељаноски оваа порака на 27. 04 во 15 и 54 часот му ја препраќа на тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Николоа Груевски по што Груевски во 16:04 му препраќа на Вељаноски порака од Панче Кралев со содржина „Добив информација од човек од ДУИ што дојде од состанок со Талат дека денеска попладне се спрема за негов избор за претседател на Собрание по иницијатива на СДС“.

По добивањето на оваа порака од Груевски, Вељановски му испраќа порака на пратеникот Илија Димовски во 16:07 часот да следат и доколку во 17 часот Талат Џафери биде избран за претседател, веднаш 10 пратеници да се качат пред неговиот кабинет за да го бранат кабинетот.

Во 18:32 часот Вељаноски добива порака од Димитар Стевананџија со предолг да почнат да се гасат светлата во Собранието. Во 18:39 часот Вељаноски добива порака од Илија Димовски дека Талат е прогласен за претседател на Собранието по што Вељаноски му повторува да пушти пола од пратениците кај него пред кабинет, а половина да останат во собраниската сала.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски