Вељаноски-Николиќ: Македонија и Србија во јуни очекуваат датум за преговори

Од:

Уште еднаш потврдени пријателските односи и взаемната поддршка меѓу Македонија и Србија на денешната средба меѓу претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и српскиот претседател Томислав Николиќ.

Меѓу темите на двајцата соговорници предвизиците со кои се соочуваат двете држави во пресрет на очекуваниот датум за почеток на преговорите со ЕУ, разговорите за спорот со името, но и црковниот спор меѓу Македонија и Србија и можностите за нивно надминување.

Вељаноски и Николиќ, јави известувачот на МИА од Белград, изразија задоволство од интензивирањето на соработката и средбите меѓу македонски и српски претставници. Српскиот претседател, како што информираат од Кабинетот на Вељаноски, рекол дека Србија и посакува на Република Македонија само добро и дека на северот има пријател и сојузник.

Претседателот на македонскиот Парламент, пак, истакнал дека двете земји мора да ја одработат ЕУ агендата и оти политичарите имаат обврска и одговорност што поскоро да се реализира таа агенда. Го пренесе неговото убедување дека во јуни и Македонија и Србија ќе добијат датум за отпочнување преговори.

– Реформите ги правиме за себе и за граѓаните со што би биле поконкурентни на пазарот и поподготвени откако ќе почнат преговорите, рече Вељаноски.

Притоа тој се заблагодари за се што Србија прави за македонската заедница, но истакна дека Србите во Македонија се лојални на државата во која живеат.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска