Вељаноски: Ни на крај памет не ми беше дека ќе ми се случи 24. декември

Од:

Ни на крај памет не ми беше дека ќе ми се случи 24 декември и дека има политичари што се решаваат на политиканство и на сценарија за еден клучен документ, вели претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Тој за „Дневник“ ја раскажува приказната за 24 декември, но и како дојде до настаните во Собранието, кои предизвика тримесечна политичка криза. Во своето сведоштво говори за закани, тропање по маси, лажни ветувања и манипулации, но вели дека не можел ни сон да претпостави што ќе се случи.

Сметал дека опозицијата сакала само политички да поентира, но дека на крајот ќе се случи рутинска седница на која буџетот ќе биде изгласан.

– Не ми е првпат да поминувам буџет во парламентот. Под мое раководство дотогаш поминале четири буџети и уште толку ребаланси. Притоа сите тие се носеа со овој ист Деловник, а претседатели на комисиите за финансирање и за буџет беа пратеници од опозицијата.

– Со нив сум имал извонредна соработка и договарање за темпото на работа при носењето на буџетот. Не ни помислив, а и сега сè уште не можам да сфатам дека е можно некој да помисли да го блокира донесувањето на таков значаен акт како што е буџетот и тој да биде предмет на политички сценарија.

Во сведоштвото за „Дневник“, освен што раскажува што, всушност, се случувало зад затворени врати на неговите координации и на состаноците со опозицијата од 3 ноември кога буџетот влегол во собраниска процедура, па до 24 декември, тој говори и за тоа како ја донел одлуката да бидат отстранети опозициските пратеници.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба