Вељаноски: Не се почитува Деловникот за работа на Собранието

Од:

Поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник, Трајко Вељаноски, преку писмо реагира на, како што вели, непочитувањето и кршењето на Деловникот за работа на Парламентот.

Осврнувајќи се на денешната закажана собраниска седница за пратенички прашања, Вељаноски посочува дека ваква седница се свикува два дена пред нејзиното одржување и оценува дека таа е преседан во работењето на законодавниот дом бидејќи во ист ден свикани се уште две други собраниски седници и две седници на собраниските тела.

– Седницата за пратенички прашања што е пред нас е своевиден преседан во работењето на законодавниот дом и од уште еден аспект. Во ист ден во кој е свикана седница за пратенички прашања свикани се и уште две други седници на Собранието и уште две други седници на работните тела. Тоа никогаш претходно не се случило, и не смее да се случува, вели Вељаноски во отвореното писмо.

Според него, се злоупотребува членот 68 став 2 и скоро сите собраниски седници се прикажуваат како итни, односно од 21 седница на Парламентот, 16 се свикани по овој член. Собраниските седници, како што посочува Вељаноски, се свикуваат од денес за утре со цел да се избегне доставата на материјали и да се оневозможи пратениците да се подготват за дебата.

Тој има забелешки и за роковите за амандманска расправа, за постапките за интерпелација, за однесувањето на претседателот на Комисијата за европски прашања кој ја одложи на неопределено време, за поднесување на амандманите, како и за настојувањето да биде донесена предлог-одлуката за заменици-генерални секретари на Собранието.

Непочитувањето и кршењето на Уставот и на Деловникот за работа Собранието, според Вељаноски, почнало уште од изборот на претседател на Собранието на 27 април годинава.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада