Вељаноски на конференција на претседатели на парламенти од ЕУ во Никозија

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска и утре ќе учествува на Конференција на претседатели на парламенти од земјите на Европската унија, што се одржува во Никозија, Република Кипар.

На дводневната конференција ќе учествуваат 42 претседатели и потпретседатели на парламенти, како и претседателот и потпретседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц и Мигуел Ангел Мартинез.

Претседателот Вељаноски, ќе се обрати на сесиите на тема  „Приближување на граѓаните кон ЕУ“ и „Социјална кохезија во време на ограниченост – што може да сторат националните парламенти“.

Во рамки на конференцијата, Вељаноски ќе оствари и билатерални средби со своите колеги, претседатели на парламенти на држави-членки на ЕУ.

Претседателот Вељаноски на конференцијата учествува на покана на претседателот на Претставничкиот дом на Република Кипар, Јанакис Л.Омироу.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги