Вељаноски на Европска конференција на претседатели на парламенти

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска и утре на покана на претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа и претседателот на норвешкиот Стортинг ќе учествува на Европската конференција на претседатели на парламенти што ќе се одржи во Осло.

Во рамки на конференцијата, претседателот Вељаноски ќе се обрати на првата сесија „Основни уставни права и слободи – учество, доверба и јавна дебата како услови за демократија“.

На вториот ден од Конференцијата, Вељаноски ќе учествува и ќе се обрати на третата сесија „Мнозинство и опозиција – постигнување баланс во демократијата“.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on