Вељаноски и Џафери на средба со македонските мировници во Авганистан

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Ваљаноски кој заедно со министерот за одбрана Талат Џафери се во посета на македонските мировници кои се дел од силите ИСАФ во Авганистан, денеска им го честиташе празникот 11 Октомври на војниците и на граѓаните на Република Македонија.

– Како претседател на Собрание каде што ги носиме одлуките за испраќање мисии овде, сакав да се уверам лично со состојбата овде и можам да искажам едно големо задоволство што нашите војници заедно со армиите на САД, на Велика Британија, на Италија и на сите други држави овде рамо до рамо придонесуваат за меѓународниот мир, за мирот овде во Авганистан и тоа е големо задоволство и моја гордост да припаѓам овде како Македонец заедно со нашите војници. Министерот за одбрана доби сознание за понатамошните активности што треба да бидат овде во Мисијата, ние како пратеници соодветно на тоа ќе реагираме откако ќе добиеме предлог од Владата во однос на Мисијата, рече Вељаноски.

Џафери и Вељаноски, соопшти Министерството за одбрана, денеска во Кабул со заменик-командантот на силите, генералот-потполковник Џон Лоример и со најстариот цивилен претставник на НАТО во Авганистан, амбасадорот Мауриц Јохемс, разговараа за придонесот на Република Македонија во рамки на силите ИСАФ, како и можностите за иден придонес во рамки на мисијата на Алијансата по 2014 година, во поддршка на процесите за стабилизирање и демократизација на земјата.

Министерот Џафери и претседателот на Собранието Вељаноски при посетата на припадниците на македонскиот контингент во ИСАФ на дело ги увидоа вештините, знаењата и професионалноста во извршувањето на задачите.

Во таа прилика, министерот Џафери ги поздрави македонските мировници и им порача дека тие, со сето она што го прикажуваат ја креираат сликата за Армијата на Република Македонија, со што несомнено стануваат најдобрите амбасадори на Република Македонија во меѓународната заедница.

Во рамки на посетата, како што се наведува, Џафери ќе се сретне и со министерот за одбрана на Авганистан, Бисмила Кан Мохамади, на која ќе стане збор за моменталната состојба во средно-азиската земја, како и за плановите за понатамошен развој и демократизација.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната