Вељаноски ги покани меѓународните организации да ги набљудуваат изборите на 11 декември

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска упати покани до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Кристине Мутонен, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Педро Аграмунт и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Мајкл Р. Тарнер, да учествуваат во набљудувањето на предвремените избори на пратеници.

Вељаноски во поканата ги известува првите луѓе на  ПС на ОБСЕ, ЕП, ПС на СЕ и ПС на НАТО за намерата да ги следат изборите да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите.

Според Роковникот на ДИК, барање за набљудување на предвремените парламентарни избори може да се поднесе од денот на распишување на изборите заклучно со 6 декември.

Претседателот на Парламентот вчера потпиша Решение за распишување предвремени избори на пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат на 11 декември 2016 година.

Во Изборниот законик, во членовите 161 и 162, е предвидено дека целиот изборен процес да можат да го набљудуваат меѓународни организации и претставници на странски земји и регистрирани домашни и странски здруженија на граѓани во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада