Вељаноски ги покани меѓународните набљудувачи за локалните избори

Од:

По закажувањето на локалните избори за 24 март, претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски, денеска ги покани првите луѓе на релевантните меѓународни институции, нивни претставници да учествуваат во набљудувањето на изборите и за тоа да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за следење на изборите.

Вељаноски  упати такво известување и покана  до претседателите на Парламентарното собрание на ОБСЕ Рикардо Миљори, на Европскиот парламент Мартин Шулц, на Парламентарното собрание на Советот на Европа Жан-Клод Мињон и на Парламентарното собрание на НАТО Хју Бејли, соопшти собраниската служба за информирање.

– Поканувањето на меѓународни набљудувачи како кооперативен однос за остварување на нивната мисија претставува значаен придонес за фер и демократски избори и потврда на демократскиот капацитет на институциите во Република Македонија, истакнува Вељановски.

Претседателот на Собранието на 11 овој месец, во согласност со уставните и законските надлежности, донесе Решение за распишување избори за членови на советите на општините и советот на град Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје за  24 март годинава.

Согласно членовите 161 и 162 од Изборниот законик, предвидено е дека целиот изборен процес можат да го набљудуваат меѓународни организации и претставници на странски земји и регистрирани домашни и странски здруженија на граѓани во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада