Вељаноски доби нов микрофон

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски доби нова опрема за водење на седниците откако координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на средбата со него одобриле да се замени дел од техниката, која беше оштетена на 24 декември кога од парламентот беа исфрлени новинарите и пратениците од опозицијата.

Од Собранието соопштуваат дека стручните собраниски служби направиле попис на оштетувањата, односно на извршените вонредни сервисни активности во Сала 1 во републичкото Собрание.

Уреди што се сервисирани, се наведува во соопштението, се претседателска единица од CDS 200 делегатски систем и систем за симултан превод, читач на делегатски картички од претседателска единица на CDS 200 делегатски систем и систем за симултан превод, Три (3) ТМ 55 делегатски микрофони Три (3) , Rank конектори на делегатски единици од CDS 200 делегатскиот систем и системот за симултан превод, приемник IRX 12 од безжичниот систем за симултан превод, две делегатски слушалки Sennheiser HD 1029 и звучна картичка од комјутерот за контрола на Пинг- звучниот сигнал за завршено време на дискусија во Сала 1.

Од собраниската прес-служба посочуваат дека по завршување на сите вонредни сервисни активности е извршено комплетно тестирање на CDS 200 делегатскиот систем и системот за симултан превод и е направена поединечна контрола на работата на делегатските микрофони. Притоа е утврдено оти уште три делегатски микрофони не се во функција поради скинати контакти на Renk конекторите од увртување на микрофоните. И тие три микрофони се сервисирани и по сервисирањето се тестирани и се во исправна и функционална состојба, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги