Вељаноски до Заев: Сега сте посмирени од минатиот пат, ви требаа 80 патеници, а сега 61

Од:

Во мое време 2 пати се менуваше Уставот со консензус меѓу власт и опозоција, а не како сега набрзина. Ви честитам што излеговте на чело на таа мала група и не се криевте, тоа е доблест и решивте да го менувате Уставот, да се самоукине Републила Македонија, Трајко Вељаноски му се обрати на премиерот Заев.

„И во пракса покажувате, поговорка има слонот не се јаде цел, парче по парче, вие тоа го правите со Уставот. Во јуни викавте нема промена на Уставот, после многу пати изјавувавте дека нема да се менува. Вие името го променивте и сакавте да се криете зад граѓните со консултативен референдум и покрај тоа не го слушате гласот на народот. Рековте пратениците може да поднесат амандамани, во оваа фаза нема. Ние имаме само предлози и мислења, а не амандмани. За амандман 33, преку 50 члена се спомнува Република Македонија, тоа не е е така едноставно. Кога ќе дојде преамбулата, 6 пати се додава Северна“, нагласи Вељаноски.

Тој му порача на Заев, во третата фаза да направи нормативно, како што треба, и да не се плаши дека ќе се закочи процесот.

„Се плашам дека третата фаза ќе биде полоша. За рамковниот не кажавте дека ќе се додава, тоа го изјави Османи во тв интервју. Како е заштитен идентитетот ако се викаме Северномакедонци. Да беше Северна пред Република ќе беше ок“ истакна Вељаноски.

Кога се носат амандмани, рече Вељаноски, тие стапуваат веднаш на сила, не може да зависат од одлуките на други држави.

„Ве замолувам на јавната дискусија повикајте ги МАНУ и други историчари, да има поширока дебата, полесно ќе биде за нас како пратеници. Лошо е што со математики и задкулисни игри се прави ова, но тоа има краток ефект, а ќе има трајни последици за Македонија“, заврши Вељаноски.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани