Вељаноски до СДСМ: Многу јасно објаснив зошто не може да се свика седница на Собранието

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски по тврдењата од опозициската СДСМ зошто не свикува седница за одговорност на претседателот Ѓорге Иванов упатува на неговото претходно соопштение во кое, како што вели, многу јасно е објаснето зошто според Уставот не може да се свика седница на Собранието.

– Со последното соопштение на СДСМ, кое е типично за нивната улична политичка култура, Заев и водството на партијата повторно ме обвинуваат дека јас, како претседател на Собранието на Република Македонија, не свикувам седница за покренување на постапка против претседателот, Ѓорге Иванов. И овој пат, сакам да ги упатам лидерите на СДСМ, поточно двоецот Заев-Шекеринска, на моето денешно соопштение во кое многу јасно е објаснето зошто според Уставот не може да се свика седница на Собранието, наведува во Вељаноски.

Истовремено, додава, многу децидно напишав дека не ја прифаќам Одлуката за аболиција која ја донесе претседателот Иванов, и притоа истакнав дека секој политичар мора да сноси одговорност за своите постапки и одлуки. – За жал, водството на СДСМ, барем досега, покажа дека му недостасува токму чувството за одговорност кон граѓаните и државата, оценува претседателот на Собранието.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители