Вељаноски: Апелирам опозицијата да се врати во Собрание

Од:

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ја повика опозицијата на разговор за да се изнајде решение.

„Јас апелирам опозицијата да се врати во институцијата – Собрание на Република Македонија и, за сите отворени прашања кои сметаат од нивна страна дека се отворени, подготвен сум и јас, како претседател на Собранието, и владејачкото мнозинство, да разговараме. Сепак, ова да ни биде опомена да не ни` се случуваат овие настани што ни се случија, затоа што треба да работиме за интересите на граѓаните на Република Македонија, наместо да се натпреваруваме преку медиумите и да испраќаме пораки“, рече Вељаноски во интервју за Гласот на Америка.

Според него за да се распишат вонредени парламентарни избори треба да има мнозинство од пратениците што ќе изгласаат таква одлука.

„ Јас како што знам, нема расположение од владејачкото мнозинство за вонредни парламентарни избори затоа што испаѓа на секоја година или годинаипол да се организираат вонредни парламентарни избори и овој период не е добар за вонредени парламентарни избори. Локалните избори се закажани од моја страна за 24-ти март и тогаш судот на јавноста е вистинскиот суд кој што ќе одлучи и ќе каже каков е легитимитетот и легалитетот на одредено владејачко мнозинство кое во моментов е на власт“, вели Вељаноски.

K.Ц.А.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции