Вељаноски: Ако не се забрза работата на Комисијата за буџет, ќе преземам мерки за деблокирање

Од:

Во функција на преземање чекори и мерки за непречено одвивање на работата на Собранието на Република Македонија и неговите работни тела, денеска претседателот на Собранието Трајко Вељаноски го повика на консултации претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, Марјанчо Николов.

Претседателот Вељаноски изразил загриженост поради изјавите во медиумите на Николов околу можното недонесување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година и временото финансирање на државата во наредната година.

На средбата, на Николов јасно му било ставено до знаење дека доколку во наредните денови динамиката на работење на Комисијата за финансирање и буџет не се забрза и со тоа не се покаже извесност за нејзино навремено завршување, тогаш претседателот на Собранието Вељаноски непосредно ќе преземе мерки за нејзино деблокирање.

Со оглед дека во текот на вчерашниот ден слична изјава, во која може да се забележи непознавање на постапката за носење на Буџетот, даде и потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски, Вељаноски побарал од Николов да се изјасни дали од негова страна како претседател на Комисијата постои реална подготвеност и капацитет да ја заврши комисиската работа во предвидениот рок.

– Донесувањето на така значаен акт како што е Буџетот на Република Македонија никогаш не бил и не смее да биде заложник на политика на условување и пазарење по секоја цена која ја промовира Јовановски, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови